Каевски: Спортот да го оставиме на спортистите, не на политиката

Од:

Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски не ја исклучува можноста во блиска иднина дел од оваа институција да стане и некое звучно спортско име.

– Сигурно е дека ќе се вклучат луѓе кои имаат влијание во спортот. Целта е јасна – спортот да го издигнеме на едно повисоко ниво. Спортот треба да биде оставен на спортистите, не на политиката, изјави Каевски .

Тој сака да помогне за поголема инволвираност на младите лица во општеството, но и да ја продлабочи соработката со спортските федерации.

– Агенцијата за млади и спорт досега главната перцепција ја имаше врз спортот, но новото раководство со мене како директор ќе се залага за младите да добијат значително место во општеството. Ќе разговараме и ќе ги воочиме проблемите што ја тиштат младината во Македонија, како невработеноста и масовното иселување на младите луѓе, потоа ќе работиме на решавање на овие ситуации, истакнува новиот директор на официјалниот Фејсбук профил на АМС.

Каевски потенцира дека поголемиот ангажман кон делот за младите лица во Македонија никако нема да значи запоставување на спортските активности и комуникацијата со спортските федерации.

– Ние во ниту еден план нема да го оставиме спортот во позадина. Напротив, ќе ја продлабочиме соработката со федерациите и ќе му дадеме уште позначајно место на спортот во животот во нашата држава.

АМС повторно ќе има одговорна улога околу распределбата на финансиските средства на спортските федерации, за која Каевски е дециден дека АМС ќе инсистира на наменско трошење на финансиите што ќе бидат доделени од ова државно тело.

– Прекратко време сум овде за да можам да говорам за конкретна стратегија, најпрвин ќе направиме ревизија за работата и досегашното доделување на средствата. Она што можам да кажам е дека нема да се мешаме воопшто во спортскиот дел, а единствена работа што ќе ја бараме е транспарентност во однос на трошењето кои ќе ги добиваат од АМС. Најпрвин ќе направиме детална ревизија на потрошените пари на сите федерации досега, по што ќе се направи и стратегијата за во иднина. Сакаме федерациите на нашата агенција да гледаат како на партнер за развој на македонскиот спорт, потенцира Дарко Каевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска