Објавени имињата на добитниците на петровденските награди на Кочани

Од:

Одборот за доделување награди на општина Кочани по повод Петровден, празникот на градот, донесе одлука наградата за животно дело, постхумно да му ја додели на Константин Апостолов, доктор по микробиологија, член на МАНУ надвор од работниот состав.

Според образложението, д-р Апостолов, кој е роден во Кочани во 1933 година, е научник од светски ранг, кој својот живот го посветил на истражувањата во лабораториите во Скопје, во Бирмингем – каде специјализирал електронска микроскопија, Бекенхам… Бил предавач и консултант во Институтот за вирусологија во Кралската медицинска академија и во болницата Хамерсмит во Лондон. Апостолов е првиот претседател на асоцијацијата на Македонците во Британија и нејзин почесен претседател до крајот на животот. Почина во Лондон, во 2008 година.

Одборот за награди одлучи наградата на општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината годинава да му ја додели на Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ кој во натпреварувачка 2016/2017 година оствари директен влез во Втората македонска фудбалска лига со 20 победи од одиграни 27 натпревари и постигна 63 голови. Оваа награда, за разлика од претходната е парична и изнесува пет просечни плати исплатени во претходните три месеци во Република Македонија.

Наградите ќе бидат доделени на седница што Советот на општина Кочани ќе ја одржи на 12 јули.

Би можело да ве интересира

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции