РСБСП: Да не се користат лекови кои ја ограничуваат способноста за возење

Од:

Возачите пред и за време на патувањето да не користат лекови на „своја рака“, а доколку имаат неопходна потреба од консумација на лекови кои ја ограничуваат способноста за управување со возило, да го одложат патувањето и организираат алтернативен превоз или препуштат управувањето со возилото на лице кое е во соодветна кондиција, препорачува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Според РСБСП влијанието на лековите врз способноста за управување со моторно возило се потценува, односно влијанието на лековите врз безбедноста на сообраќајот од страна на учесниците во сообраќајот не се сфаќа сериозно.

– Лековите против алергии имаат седативно дејство и ја намалуваат психомоторната способност на возачот. Седативите (лексилиум, дијазапам, хелекс) го забавуваат времето на реакција, ја нарушувааат перцепцијата за време и за далечина и ја намалуваат способноста за координирано и истовремено извршување на повеќе функции. Комбинацијата од алкохол и лекови се манифестира на психомоторните функции на човекот на ист начин како и тешките дроги, а управување моторно возило под дејство на алкохол и лекови е еднакво со управување моторно возило со длабоко оштетен слух и вид и со нарушена рамнотежа, се наведува во препораките на РСБСП.

Високи 76,2 проценти од вкупниот број анкетирани возачи за време на одредена терапија, односно кога користат лекови, се вклучуваат во сообраќај како возачи на моторно возило, а околу 38,1 отсто од возачите управуваат моторно возило под дејство на лекови, иако знаат како дејството на лекот се одразува врз нивните способности за управување со моторно возило, покажуваат податоците од истражувањето, што минатата година го спроведе РСБСП со партнерите.

Според РСБСП загрижува податокот дека истата појава се јавува и кај околу 26,5 проценти од вкупниот број анкетирани професионални возачи.

РСБСП потсетува дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода, на возач кој управува возило под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци, а покрај глобаата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување моторно возило во траење од 6 до 12 месеци.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска