Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено за 26 септември

Од:

На барање на одбраната, рочиштето за случајот „Тврдина 2“ што требаше да се одржи денеска, е одложено за 26 септември.

Адвокатите од одбраната, како што навеле пред судијата што го води предметот, имале други ангажмани и затоа побараа одложување на денешното рочиште на кое требаше да бидат сослушувани сведоци.

Во „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујоски и уште шестмина вработени во УБК. СЈО ги сомничи за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување.

На претходно рочиште одржано на 23 мај, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат. Судијката Лидија Петровска, пак, ги прифати доказите кои ги достави Специјалното јавно обвинителство со кои го поткрепува обвинението за обвинетите во овој случај.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов