ВИДЕО: Отворена базна станица за фотографирање за лични документи во Ростуше

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на работната посета на Полициската станица во Жировница и Полициското одделение во Ростуше ја промовираше базната станица за фотографирање за лични документи сместена во ПО Ростуше.

-Денеска се реазлизираше уште една потреба на граѓаните од овој регион, кои до сега немаа можност да вадат пасоши и лични карти во Ростуше туку за тоа се одеше во Гостивар. По согледувањето на можностите од страна на МВР, донесов одлука дека можеме да ја овозможиме оваа работа и, на задоволство на граѓаните од оваа општина, од денеска овде можат да се извадат лични документи. Ова е важно не само за овој регион, туку и за Гостивар, затоа што и таму ќе се растерети Одделението за управни работи. Ова е во склоп на определбата дека ќе работиме во функција на граѓаните за МВР да се доближи до граѓаните и да се врати довербата- рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

Во наредниот период ќе се преземат активности за и други услуги да им бидат достапни на граѓаните во ПО Ростуше. Министерот Спасовски разговараше и со граѓаните од овие населени места за проблемите што ги имаат и начините како полицијата да им стане подостапна.

Министерот Спасовски во рамки на посетата на Жировница и Ростуше, разговараше и со командирите на полициските станици и началникот на СВР Тетово за актуелните проблеми со кои се соочуваат во текот на работењето и начинот како тие да се решат. Министерот Спасовски рече дека е многу важно и полицајците да бидат задоволни ако сакаме да имаме безбедна држава и затоа мора да се подобрат условите за работа на полицајците. Веќе е почната постапка за набавка на нови униформи, затоа што веќе една деценија МВР нема купено униформи за полицајците.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он