Сончево и многу топло, температури до 42 степена

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

До сабота нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури в долж Поварадарието и во јужните делови ќе го надминат 40-иот степен.

Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Дневните температури ќе опаѓаат почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во крајниот југоисточен дел се уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата која во понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постојан пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски