Во организација на Центарот за економски анализи – ЦЕА Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ денеска во Битола ќе биде промовиран проектот „Вработување на млади Роми“.
Целта на проектот, кој е финансиски поддржан од ЕУ, е унапредување на вештините за вработување на младите невработени Роми, преку стекнување на практично работно искуство во граѓански организации или во бизнис секторот во таргетираните градови.
Проектот има цел да ги вмрежи младите невработени Роми, со фокус на Кочани, Тетово, Битола и Скопје, со компаниите кои работат во таргетираните градови.
На промоцијата на проектот ќе бидат презентирани заклучоците од истражувањата и анализите кои беа спроведени во рамките на проектот, а се однесуваат на пазарот на труд во Кочани, Тетово, Битола и Скопје.
Компаниите ќе имаат можност да ја презентираат својата работа, и да ги истакнат потребите кои ги имаат за следни вработувања, додека пак, невработените ќе имаат можност да ги слушнат искуствата кои компаниите ги стекнале преку отворање можност за практикантска работа, и одблизу да се запознаат со условите за практиканство во компаниите. Исто така ќе биде презентирана и можноста невработените да се вклучат како практиканти во локаните организации, партнери на овој проект.