(ВИДЕО) Јанева: 17 обвиненија за 94 физички и 7 правни лица, никој нема да остане неказнет

Од:

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева побара и доби аплауз за обвинителите на СЈО и за сите вработени во Обвинителството за сето досега постигнато.

Подигнати се 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и 7 правни лица.

„Имаме сериозни докази дека има повреди на законите и злоупотреба на службената положба и овластување и Законот за јавни набавки.

За случајот „Талир“ се истражуваше незаконско финансирање на една политичка партија. Беа преземени многу истражни дејства за сторени кривични дела, но временските рокови не ни дозволија да ја завршиме истражната постапка. Сепак, ќе донесеме јавно обвинителска одлука“, рече Катица Јанева.

Таа изрази убеденост дека со соодветна постапка СЈО ќе продолжи со темелна истрага за конечно да има кривична правда, а сторителите нема да останат неказнети.

За предметот „Талир“ треба да се извршат вештачења, рече Јанева.

Само предметот „Талир“ и „Табла“ немаат завршница. Јавно обвинителската одлука ќе биде објавена.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов