Обвинителите денеска бараа казна затвор од една година за поранешниот премиер Силвио Берлускони, поради обвиненијата дека е одговорен за објавувањето на транскриптите за прислушуваните разговори во весникот кој го издава неговата медиумска империја.
Обвинителот Маурицио Романели го изнесе ова барање пред крајот на судењето за Берлускони и неговиот брат Паоло Берлускони, издавач на миланскиот весник „Џорнале“.
За братот на Берлускони, Паоло, Обвинителството бараше три години и три месеци затвор.
Обвинението се однесува на објавувањето на прислушуваните разговори во рамки на истрагата за неуспешниот обид на компанијата за пружање финансиски услуги Унипол да ја преземе Националната банка на трудот од 2005 година.