Во следните три дена портокалова фаза во цела држава

Од:

Согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на следните три дена, почнувајќи од утре (четврток-29 јуни) до сабота (1 јули) територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.

Министерството за здравство, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови напоменуваме дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната, соопштуваат од Министерството за здравство.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски