Времето утре ќе биде сончево и многу топло.
Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне до 37 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.
Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
