• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Најтопло во Гевелија и Демир Капија, нестабилно во југозападните делови

by А1он24/06/2017 - 18:0559
Share0

Највисока температура денеска е измерена во Демир Капија и Гевгелија од 37 степени. Следува Струмица со 35, Скопје 34, Штип, Битола и Виница 33, Тетово, Прилеп и Претор 32, Охрид и Тополчани 31, Крива Паланка, Пожаране и Берово 30, Ѓуриште 28, Маврово 27 и Лазарополе 25 степени.

Добивај вести на вибер

Времето претпладне беше сончево со мала до умерена облачност која се преместуваше кон југ. Од пладневните часови се појавија први грмежи во мавровскиот регион и потоа Кичевско. Попладнево долж Повардарието започна да засилува северен ветер, а на места во југозападните делови имаше пороен дожд и грмежи и само во Претор наврнаа дури 10 литри на квадратен метар дожд. Нестабилноста, според најавите на УХМЕ, ќе се намали во вечерните часови. Облачноста ќе се намали и преку ноќта ќе преовладува претежно ведро време. Преку ноќта ќе продолжи да дува северен ветер, но со слаб интензитет.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 9, а температуата ќе се движи од 31 до 38 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево топло со мала до умерена облачност со температура до 36 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен