Средба Џафери-Бренде: Поддршка за реформските процеси и приближување на Македонија до ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Бренде, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија.

На средбата беа присутни и Соња Мираковска, заменик-координатор на СДСМ и на коалицијата, Ејуп Аљими координатор на ДУИ и Африм Гаши координатор на БЕСА.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери изразил благодарност за помошта и поддршката што Норвешка, како влијателен член на НАТО, и ја дава на Република Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакна дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави.

Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, како што стои во соопштението, ја нагласил подготвеноста за продолжување на блиското партнерство меѓу Република Македонија и Норвешка, за споделување искуства, и ја повторил поддршката кон реформските процеси кои треба да доведат до приближување на државата до Европската Унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани