Средба Заев-Бренде: Владата на Македонија отвора нови можности за земјата, Норвешка е подготвена да помогне

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Борге Бренде, министер за надворешни работи на Кралството Норвешка, придружуван од делегација од Норвешка и од амбасадорот на Кралството Норвешка за Македонија, Арни Бјорнстад.

На средбата е оценето дека новата реформска демократска Влада отвора нови можности за Република Македонија, како за квалитетот на живот на граѓаните, така и за евро-атлантските интеграции.

„Правиме исчекор кон евро-атлантските интеграции. Владата работи посветено на реформите и на демократските вредности што ги отвораат перспективите на земјата и на граѓаните на нашата држава, затоа што иднината на Република Македонија е во Европската унија и НАТО“ рече премиерот Заев.

На средбата се нагласени како важни реформите што обезбедуваат владеење на правото и независни институции.
Министерот за надворешни работи на Норвешка, Бренде ги поздрави инклузивните политики на премиерот Заев, што се во насока на политичката култура што ја негува демократскиот свет. Констатирано е дека таквите отворени политики се во интерес на политичката стабилизација на Македонија, евро-атлантскиот пат и економски развој на земјава.

Министерот на надворешни работи Бренде, најави дека Норвешка е подготвена и на конкретно ниво да ги помогне неопходните реформи за Република Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се заблагодари за принципиелната поддршка што и ја дава Кралството Норвешка на Република Македонија во демократските процеси, како и за поддршката на Македонија во стратешките определби за членство во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пукотница во трговски центар во Осло, за брзо време уапсен е осомничениот

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија