ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети членство во ЕУ и НАТО без задирање во националните интереси

Од:

Зоран Заев вети брзо членство во ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања и без да се склучуваат какви било договори на штета на националните и државни интереси, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на изјавата на премиерот Заев дадена на средбата со граѓанските организации.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Заев сега го говори, ослободување на препораката од дополнителните услови Македонија го имаше до 2015 година, односно, како што се наведува, до моментот кога СДСМ крајно неодговорно ја втурна земјава во политичка криза.

– Граѓаните не смее да бидат манипулирани. Граѓаните паметат дека Радмила Шекеринска ветуваше решавање на прашањето за името во рок од шест месеци и брзо членство во ЕУ и НАТО. Новата власт има обврска да го реализира тоа што го вети, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе продолжи да ги користи сите меѓународни контакти за да лобира за што е можно поскоро отпочнување на преговорите за влез во ЕУ и добивање на покана за членство во НАТО. Само со остварување на овие цели, како штос е наведува, ќе се исправи неправдата која и беше нанесена на земјава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад