Тевдовски: Ребалансот се подготвува, еврообврзница може и да не се издаде

Од:

Во Министерството за финанси активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека ќе се скрати од, како што рече, комодитетот на луѓето на власт и ќе се настојува да се добие прагматичен буџет.

– Активно работиме на ребалансот на Буџетот. Ќе направиме се што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години, а истовремено да дадеме можност на нашите реформски приоритети, изјави министерот Тевдовски, одговорајќи на новинарски пашања денеска на потпишувањето договори за грант од ИПА пограмата за рурален развој.

Тој додаде дека согласно изгласаниот Буџет за 2017 одина од претходната власт, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар и рече дека за издавање на еврообврзница не се размислува пред донесување на ребалансот на Буџетот.

– Еврообврзницата нема да биде издадена пред ребалансот. Ги оценуваме можностите и можеби ќе оцениме и еврообврзница да не издаваме. Така што ние ги гледаме кои се можностите од аспект на доброто на граѓаните односно да плаќаат пониски стапки, рече Тевдовски и додаде дека во моментов цената на некоја еврообврзница би била поевтина отколку што се плаќаше во минатото.

Потенцира дека ги разгледуваат можностите за задолжување на домашниот пазар каде, како што рече, има сериозен вишок на ликвидност, но оти се разгледуваат и опциите за надворешни задолжувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација