МЗТ Скопје Аеродром дел од јуниорската АБА лига

Од:

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром за играчи до 19 години и официјално се пријави за настап во новоформираната јуниорска регионална кошаркарска АБА лига, која се очекува да стартува во текот на претстојната сезона.

– Тоа ќе биде одлична можност за талентите од нашиот клуб да ги одмерат силите со најдобрите врсници од просторот на поранешна СФР Југославија и да одиграат 10-14 натпревари преку кои ќе добијат шанса за надградба и напредок. Засега не е дефиниран принципот според кој ќе играат јуниорските тимови, но тоа најверојатно ќе биде со поделба во две групи и со играње секој со секого на два турнири кои ќе бидат одиграни на различни места, информира македонскиот шампион.

Конечниот број екипи што ќе учествуваат во новата У-19 лига на АБА ќе биде познат на почетокот од следниот месец, по што ќе биде објавен изгледот на групите и начинот на кој ќе се игра.

МЗТ Скопје Аеродром воедно изрази желба и подготвеност да биде домаќин на еден од турнирите во групната фаза.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска