Средба на Царовска со амбасадорот Тимоние

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за заедничките приоритетите што ги поврзуваат двете држави. Притоа се стави акцент на идната соработка во областа на социјалната заштита, се разменија искуства и се изрази подготвеност за взамена поддршка помеѓу институциите на двете земји.

Една од приоритетните теми беше темата за еднаквите можности со посебен фокус на обезбедување на заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство.

Притоа министерката Царовска и амбасадорот Тимоние се согаслија дека од исклучителна важност и значење е да се соработува со женските невладини организации кои обезбедуваат ваков тип на услуги.

Исто така, на средбата беше изразена надеж дека соработката која што ќе се одвива во периодот што следи ќе биде соработка која што ќе го отвора европскиот пат на Република Македонија чија крајна цел е што поскоро да биде и дел од европското семејство.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

А1он