Конкурс за идејно-архитектонско решение за паркот на Локубија

Од:

Општина Кочани распиша конкурс за изработка на идејно-архитектонско решение на паркот на локалитетот Локубија.

Со ова решение се бара функционално и обликувано поврзување на паркот со околните сообраќајници и тротоари, со посебен третман на пешачкиот пристап до паркот. Проектната задача бара да се предвиди една училница на отворено и што повеќе зелени површини, како и простор за обележје на градот. Решението треба да содржи терени за спорт и рекреација и патека за велосипедисти, ресторан-видиковец, киосци за брза храна, фонатана, места за одмор и настрешници.

Право на учество на конкурсот имаат домашни и странски физички и правни лица од областа на архитектурата и од области поврзани со дизајн, обликување и естетика на просторот.

При изборот на најдоброто решение ќе се применуваат критериумите за изводливост и издржливост, оригиналност и репрезентативност на концептот. Од решението се бара економичност, креативност и инвентивност во пристапот на обликување и современ третман на просторот.

Трите најуспешни идејни решенија ќе бидат наградени од комисија од Општината. Првата награда е 62 илјади денари, втората 37 илјади денари, а третата е 25 илјади денари.

Крајниот рок за поднесување на идејните решенија е 15 август.

Споменикот на Слободата е граден во осумдесетите години на минатиот век и е дело на архитектот Ратко Раѓеновиќ додека мозаиците се дело на уметникот Глигор Чемерски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат