Европскиоткомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и честиташе на Србија за отворањето две нови поглавја во пристапните преговори со Европската унија.
Србија денеска на шестата Меѓувладина конференција во Луксембург ги отвори поглавјата 29 и 7.
Хан и честиташе и на Црна Гора која исто така отвори две и затвори едно поглавје.
– Голем ден за Србија и за Црна Гора. Им честитам на тие држави за отворањето поглавја. Реформите го трасираат патот кон членство, напиша Хан на Твитер.