Средба на министерот Николовски со синдикатот на УПОЗ

Од:

Да почне постапката за дефинирање и потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Ова денеска го договорија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Пеце Грујовски, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), кој минатата година беше доставен од Синдикатот на УПОЗ до МЗШВ.

На средбата, информира МЗШВ, беше договорено во најбрз рок да се формира работна група во која ќе учествуваат претставници од МЗШВ и Синдикатот на УПОЗ и министерствата за труд и социјална политика и за финансии за да се разгледа барањето на шумските полицајци.

Министерот Николовски бил информиран и за повеќе нерешени прашања кои се од интерес на членовите на Синдикатот на УПОЗ при МЗШВ. Николовски го информирале и за шумската полиција за која, според УПОЗ, мора во најбрзо време да се регулираат правата кои не се решени согласно Законот за шумите, односно укинување на правилникот за плати и регулирање на платите на вработените во шумската полиција со Колективен договор.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија