Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 31 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време. Максималната дневна температура ќе бележи пораст, така што кон крајот на работната недела насекаде ќе биде над 30, а в долж Повардарието и над 35 степени. Во текот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност, а локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи е можна в четврток.
