Цукерберг донираше половина милијарда за здравството и образованието

Од:

Сопственикот и извршен директор на Фејсбук Марк Цукерберг објави дека ќе донира речиси 500 милиони долари во акции од неговата компанија на хуманитарна организација за финансирање на здравствени и образовни проекти.

Цукерберг на фондацијата на заедницата на силиконската долина во вторникот и донираше 18 милиони акции на Фејсбук, чија вредност тогаш беше 498,8 милиони долари.

Тоа е најголемиот подарок на Цукерберг до сега. Тој во 2010 година. донираше акции на Фејсбук во вредност од 100 милиони долари на државните училишта во Њуарк, Њу Џеси.

Потоа ИМ се приклучи НА Бил Гејтс и Ворен Бафет во нивните напори да ги убедат најбогатите луѓе во САД, да донираат поголем дел од своето богатство.

Цукерберг на својата Фејсбук страница рече дека е горд на досегашната работа на фондацијата која ја покрена со неговата донација и дека ќе види во кои области на образованието и здравствената заштита ќе се фокусира.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски