(ВИДЕО) Чавушоглу: На Македонија и се нанесува голема неправда, ЕУ да не се меша во внатрешната политика

Од:

Односите меѓу државите, приоритетите на Македонија, членството во ЕУ и НАТО, како и политичката ситуација во земјава и надвор од неа, биле темите за кои разговарале Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу и Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров кој истакна дека ја потврдиле потребата за развивање на економските односи и трговија. Чавушоглу вели дека Македонија може да биде пример за сите земји кога во прашање се билатералните односи, а изрази и поддршка за добивање членство во НАТО. Тој вели дека тие кога ќе дојдат во Македонија се чуствуваат како дома.

„Вие ја пратите состојбата во нашиот регион, каде има сериозен развој на настаните. Ние ќе бидеме ваша поддршка. Ова е 25 година од воспоставување на билатералните односи и тука направивме голем напор на балканските простори, каде мислиме дека Македонија е многу значајна за трговскиот развој. Турските инвестиции изнесуваат 1.2 милијарди долари, а во наредниот период со наша заедничка волја ќе гледаме да ги зголемиме истите. Нашите нови договори ќе бидат за доведување на односите, на ниво кое е потребно. Турција ја поддржуваше Македонија во секое поле, а истото ќе го правиме и во наредниот период. Македонија највеќе го заслужува членството во НАТО, а прашањето со името е голема неправда за оваа земја. Ние ќе инсистираме ЕУ да не се меша во внатрешната политика. Ние веруваме дека турската заедница во Македонија е значајна алка за одличните билатерални односи. Она што турската заеднца ја врзува за Македонија се законските права кои им се овозможуваат“, вели првиот човек на турското МНР, Мевљут Чавушоглу.
Според Димитров, Македонија има поддршка од Турција за сите прашања поврзани со билатералните односи.

„За нас патот напред е градење на позитивна слика на Македонија, осврната на соработка. Наша цел е да градиме односи кои ќе донесат стабилизација на регионот. Решени сме да работиме на добрососедска политика. Му се заблагодарив на Чавушоглу за поддршката за наш влез во НАТО. Македонија ја цени улогата на Турција која ја има во справувањето со мигрантската криза. Турција е шестти по ред инвеститор во Македонија. Со министерот имавме и конкретни идеи, бидејќи има интерес од големи турски компании да инвестираат во нашата држава. Турција носи голем дел од товарот во глобални рамки кога во прашање е тероризмот бидејќи се соочува со безбедносни предизвици. Ние заклучивме дека соработката на ниво на полиција и разознавачки агенции е на задоволително ниво“, вели Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Димитров одговарајќи на новинарско прашање вели дека Македонија од правен аспект има чиста ситуација кога во прашање е името на државата. Тој вели дека во интерес на Грција е да ја прифати Македонија и да дозволи зачленување во Европската унија. Чавушоглу околу прашањето со името, посочи дека ја пратат ситуацијата и вели дека ја прифаќаат Македонија под уставното име, додајваќи дека ќе ги прифатат сите одлуки кои ќе нема да бидат на штета ниту на Грција, ниту на Македонија.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО

А1он

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море

А1он

Чавушоглу: Неопходен е нов процес на проширување на ЕУ

А1он

Чавушоглу: Руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно

А1он

Чавушоглу: Анкара е за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации

А1он

Чавушоглу: Ерменија да престане да го провоцира Азербејџан

А1он