Триесет и девет лица загинаа во шумски пожар во Португалија

Од:

Најмалку 39 лица загинаа синоќа во шумски пожар во околината на португалскиот град Леириа, изјави португалскиот премиер Антонио Коста.

– Се соочуваме со ужасна трагедија. Досега е потврдена смртта на 24 лица, но можно е оваа бројка да се зголемува, изјави Коста во седиштето на португалската Цивилна заштита во Лисабон.

Претходно португалските власти ја потврдија смртта на 19 лица. Две лица беа прогласени за исчезнати, а 20 се повредени.

Билансот на загинатите во шумскиот пожар во околината на португалскиот град Леириа се зголеми на 39 лица, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи. Во пожарот се повредени 59 лица.

Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).

Околу 500 пожарникари и 160 противпожарни возила се мобилизирани и се бореа со огнената стихија во текот на ноќта.

Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија