До крајот на денов времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд и со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Од УХМР информираат дека утре ќе дува засилен северен ветер, кој на повеќе места повремено ќе достигнува брзина од 70 километри на час. Околу пладне ќе има и појава на повремен слаб дожд, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 18 до 26 степени.
Умерен до засилен северен ветер ќе дува и во понеделник, а потоа следува период на стабилно и топло време.
