А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид до СДСМ Охрид: Жалиме што не можете да ги поднесете резултатите на оваа локална власт

by А1он16/06/2017 - 14:0897
Share0

„Малку им беше бламирањето со вчерашното соопштение за јавност, во врска со дрворедите на булеварот „Туристичка“, па, денес, СДСМ Охрид продолжи со своето комично шоу на соопштенија за јавност, веројатно видно потресени од вчерашното гостување на градоначалникот Бакрачески на охридската телевизија ТВМ.

Добивај вести на вибер

Жалиме што не можат да ги поднесат резултатите и бројките на оваа локална власт, кои се неспоредливо подобри од било која гарнитура во последните 26 години независна Македонија.

За пишувачите на нивните соопштенија им препорачуваме очила со голема диоптрија за конечно да го видат она што сите одамна го гледаат во Охрид. И не ни е чудно што неможат да го пресметаат долгот кој го оставија на општината во 2013 година во изност од 2.038.000.000 (две милијарди и триесет и осум милиони) денари. Всушност јасно ни е зошто не го знаат точниот износ на долгот, бидејќи во времето кога беа власт од бројките на пораст на долгот на дневна основа болеше глава.

Јасно ни е зошто не можат да го видат импактот и бројките во туризмот, затоа што никогаш ништо не направиле за него. Јасно ни е зошто не можат да зборуваат за подобрување на ефикасноста на општинската администрација, бидејќи главно место на правење анализи и статистики им беа кафеаните. Јасно ни е зошто неможат да го видат напредокот во реализацијата на капиталните проекти, бидејќи тоа за нив се приказни од типот на „Алиса во земјата на чудата“. Јасно ни е зошто неможат да видат како ние се справуваме со проблемите на граѓаните, затоа што тие се научени само да ги прават, а не да решаваат. Јасно ни е зошто денес не ги посетуваат преполните спортски арени што ги изградивме, бидејќи се научиле да прават прес конференции на температура од минус 20 степени целзиусови. Јасно ни е зошто слабо ги посетуваат бројните културни манифестации во градот преку цела година, бидејќи во нивно време никогаш не ги поддржуваа.

И на крај најважно: Јасно ни е зошто во нивните соопштенија без број пати го спомнуваат името на Бакрачески, бидејќи знаат на кого му веруваат граѓаните. И бидејќи знаат како стојат со доверба нивните кандидати за градоначалник.

Ние претпоставуваме на кого ќе дадат доверба граѓаните есенва, но едно сигурно знаеме: дека охриѓани никогаш повеќе нема да дадат доверба на оние кои финасиски, урбано, културно и спортски го девастираа градот и ја уништија надешта на охриѓани.

Знаеме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори“, се вели во реакцијата на општина Охрид.

ohridsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто