„По сеопфатните анализи, Демократскиот сојуз смета дека Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи да работи со целосен капацитет, законито, стручно и транспарентно, како и досега.
Треба да се направи сè да се продолжи рокот за СЈО да има можност и натаму да поднесува обвиненија, но не и негова инкорпорација во редовното јавното обвинителство.
Позицијата и надлежностите на СЈО се дефенирани со Закон донесен со двотретинско мнозинство, како и изборот на Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство, што е гаранција за неговата независност и резистентност од политички влијанија.
Демократскиот сојуз сугерира доколку не се продолжи мандатот на СЈО за поднесување обвиненија, по сознанија и информации за нови случаи, постапката треба да ја води редовното обвинителство“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.