Во Кочани намалена цената за уредување на градежно земјиште

Од:

Советот на Општина Кочани на денешната седница донесе одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани

– Со оваа одлука се намалува висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани, утврден со Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2017 година за 20 отсто, за објекти со намена домување и комерцијални дејности, освен за викенд куќите на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, информира Јордан Димитров,претстедател на Советот на општина Кочани.

Намалувањето на висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Кочани, според Димитров, ќе важи до 31 август 2017 година.

Инвеститорите за да можат да го искористат намалувањето на надоместокот за уредување на градежно земјиште, се должни најдоцна до 30 септември 2017 година да ја достават целокупната документација за издавање одобрение за градење, по претходно доставена документација за архитектура до 31.08.2017 година.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена