Реновирана детската градинка во Миравци

Од:

Во гевгелиското населено место Миравци, денеска беше пуштен во употреба реновираниот дел од детската градинка кој со финансиска помош од Одделението за меѓународен развој на Обединетото Кралство го реализираа УНХЦР и Данскиот совет за бегалци во рамки на проектот за подршка на локалните заедници кои им подадоа рака на бегалците во текот на последните неколку години.

Претставникот на УНХЦР, Саша Валаџија истакна дека им било задоволство да направат нешто за локалната заедница која до сега толку многу направила за да им помогне на лицата кои бегаат од војната во Сирија, Авганистан, Ирак и од други земји каде не се чувствуваат безбедни.

– Со овој гест се потврдува дека хуманоста се враќа со хуманост или како што вели една поговорка што ја научив од колегите тука, а мене особено ми се допаѓа-раката што дава не се суши, нагласи Валаџија и им посака на локалните жители постојано да имаат и да даваат.

Реновираниот дел од градинката во Миравци е првиот од десетте проекти што се пушти во употреба. Вториот проект што беше претставен денеска е новото спортско игралиште во училиштето во гевгелиското село Богородица, а третиот завршен проект е заштитната ограда на училиштето во кое учат деца од Лојане и Ваксинце. Трите проекти заедно чинат 1,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска