Променливо облачно, со сончеви периоди

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот нестабилно со дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 30 степени.

Утре во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови. Засилен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски