ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста може да процени кој и колку направил за Музејот на Македонија

Од:

„Граѓаните немаат никаква полза од тоа што СДС продолжува да глуми опозиција. Водењето на културната политика не подразбира само глума. СДС сега ја води Владата и има одговорност да ги реализира ветувањата. Лагите и манипулациите веќе не поминуваат.

На Македонската јавност добро и е позната елементарната негрижа за културните институции во време на владеењето на СДС, која во наследство на владата на ВМРО-ДПМНЕ остави руина и пустош во културните институции како на национално така и на локално ниво.

Јавноста може да процени кој и колку направил за оваа институција. Наспроти големото ништо од време на СДС, денес на овој објект има поставена нова покривна конструкција на Музејот на Македонија и инсталиран е систем за оддимување во случај на пожар.

Исто така, извршена е и реконструкција на дел од работните простории, депоата и изложбените простории, а е обезбеден и систем за заштита од кражби, како и уреди за видеонадзор.

Во Музејот на Македонија е отворен и Центар за музејска едукација, активност предвидена во Националната стратегија за развој на културата за периодот ‎2013-2017 година. Целта на овој центар е запознавање на младата популација со непроценливите вредности на нашето културно богатство и издигнувањето на нивната свест за значењето и заштитата на културното наследство.

Музејот на Македонија со целосна подршка од Владата на Република Македонија во последните години реализира две постојани поставки, една посветена на прогонетите Македонци од делот на Македонија, кој сега е во рамките на Грција и постојаната етнолошка поставка во комплексот Македонско село во Нерези.

Во таа насока беше и поддршката на Министерството за култура и за проектите за реновирање и осовременување на постојаните поставки-етнолошка и историска во музејот.

Во последните две години е изработена проектна документација на ниво на основен проект со чија реализација целосно ќе се реновира и осовремени етнолошката поставка, која во најголем дел ќе го задржи постоечкиот музејски концепт. Исто така изработена е и проектна документација на ниво на основен проект за реновирање на изложбените сали историја. Со тоа ќе се доразрешат и проблемите со застарените инсталации во просторот.

За разлика од лицемерното душегрижништво на СДС за културата во Македонија, зад работата на ВМРО-ДПМНЕ постојат дела и конкретни проекти“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он