ЕЛЕМ ќе објави тендери за набавка на рударска опрема и за топлификација на Битола

Од:

АД ЕЛЕМ ќе ги објави јавните повици за набавка на рударска опрема за РЕК „Битола и за изградба на систем за топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра, најави денеска генералниот директор на компанијата Христијан Мицкоски.

Јавниот повик за набавка на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, обезбедени од сопственото тековно работење на компанијата, ќе биде објавен денеска, а за изградба на систем за топлификација во Битола, вреден 46 милиони евра од кои 7 милиони сопствени средства, а 39 обезбедени со заем преку КфВ банката, за кој се завршени сите неопходни постапки, утре. Повиците ќе бидат објевени во македонските и меѓународните гласила.

– Овие два проекта ќе значат голема инвестиција за Пелагонискиот регион и голема додадена вредност за АД ЕЛЕМ. Со набавката на рударска опрема драматично ќе ги намалиме трошоците на работење на компанијата и ќе креираме поголема додадена вредност на нашиот завршен производ. Со изградбата, пак, на топлификација за Битола со можност за приклучување на соседните општини Новаци и Могила ќе се искористи отпадната топла вода во процесот на производство на електрична енергија во РЕК Битола за загревање на домовите на граѓаните, но и за загревање на земјоделските пластеници. Овој проект не само што поволно ќе влијае на приходната состојба на компанијата, туку ќе придонесе за подобар конфор на живеење на граѓаните и за намалување на загадувањето во Битолско, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека со набавката на рударска опрема ќе нема потреба од ангажирање на надворешни кооперанти за ископ на руда, што, како што рече, значеше поголеми трошоци. – Очекувам сега трошоците драстично да се намалат, а со тоа вредноста на нашиот производ да биде поголема, потенцира Мицкоски. Додаде дека се очекува целата постапка за набавка на опрема да биде реализирана за шест до девет месеци и веќе од следната година да може да се користи.

Нагласи дека во текот на вчерашниот ден добиле документ од КфВ банката во кој нема приговор на комерцијалната и техничка тендерска документација на АД ЕЛЕМ за објавувањето на јавниот повик за изградба на топлификацискиот систем, документ кој го чекале за да може да се објави јавниот повик.

Прашан зошто токму сега се објавуваат јавните повици, Мицкоски рече дека објавувањето на тендерските постапки е резултат на процес кој е почнат пред неколку години со многу пресметки и направени анализи. За првиот јавен повик, како што кажа, средствата се обезбедени од успешното работење на компанијата.

– Проектот за набавка на рударска механизација е неопходен и е предвиден во финансискиот план на компанијата од минатата финансиска година за оваа. Обезбедени се средствата преку успешната работа, се обративме до Советот за јавни набавки, изготвивме тендерска документација, добивме позитивно мислење за комерцијалниот и техничкиот дел и не гледам никаква пречка да може АД ЕЛЕМ да го распише овој повик додека јас раководам со Управниот одбор, рече Мицкоски.

Тој очекува набавката на новата рударска опрема за РЕК Битола да придонесе за намалување на производната цена на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски