Општина Кочани работно ангажира лица за oпштинско-корисна работа

Од:

Градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, денеска ги додели потврдите за работниот ангажман на пет лица од општината во проектот „Чекор кон ближниот“ од Програмата за општинско-корисна работа што се реализира во тој град.

– Овојпат во проектот се ангажирани пет лица во три различни области: центар за донации, народна кујна и услуги во домашни услови. Целта е лицата што се ангажираат за давање услуги да им се подобри животниот стандард и да бидат поконкурентни на пазарот, а едновремено да им се помогне и на ранливите групи од локалната заедница, изјави координаторката на проектот, Аника Илијевска Ѓорѓиева.

Проектот се реализираше шест месеци – од септември минатата година до март оваа година, а на ангажираните им се исплатуваа средства од 6.200 денари од кои се уплатува и персонален данок и осигурување – за ангажман од четири часа дневно. За реализација на проектот беа одобрени средства во износ од 186.000 денари.

Програмата Општинско-корисна работа, којашто е финансирана од УНДП со поддршка на Министерството за труд и социјална политика се реализира трета година по ред во Кочани, а општината ја спроведува во соработка со Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и Здружението „Благородна мисија“ од Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот