А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ Охрид

by А1он15/06/2017 - 11:15116
Share0

„Знаеме дека секој нов проект кој го реализира локалната самоуправа особено капитален и допадлив за граѓаните на Охрид е ноќна мора за СДСМ- Охрид. Ги очекувавме после вчерашното отпочнување со градежни активности на градскиот пазар да се јават со неартикулирано и манипулативно соопштение, она што беше незнаница беше само темата која по којзнае кој пат ја промашија.

Добивај вести на вибер

Знаеме дека ги боли уредувањето на тротоарите на „Туристичка“, а уште повеќе ги боли уредувањето на дрворедот.
За разлика од нив, ние не дезинформираме: поголемиот дел од стариот дрворед беше дотраен, со неуредни крошни и претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите, од друга страна корените од најголемиот дел од дрвата високо го подигаа и оштетуваа бетонот, заради што беше оневозможено нормалното движење. Освен тоа корењата на дел од дрвјата навлегуваа во канализационите системи и ги оштетуваа, а на места и ги запушуваа.

Затоа, почнувајќи уште од денес Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, според планот ќе поставува нови садници јасен и јавор, кои ќе го красат новиот лик на „Туристичка“.

Граѓаните на Охрид уште од сега масовно се изјаснуваат на кого ќе ја дадат довербата во Октомври. На оние кои не ги лажат, на оние кои не ги манипулираат, туку на оние кои совесно, одговорно, домаќински и транспарентно работат за нив. Не на оние кои ветуваат, туку на оние кои ги реализираат ветувањата“, се вели во реакцијата на Општина Охрид на соопштението на СДСМ Охрид.

ohridsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен