(ВИДЕО) Кој ги повика и извести новинарите дека има тепачка и инцидент?

Од:

Долги и широки елаборации за се и сешто, од осамостојувањето до денес, од сколиоза до ММФ.
Претседавачот со Комисијата за финансирање и буџет, Горан Мисовски, пресметал дека дебатата или дoлжината на говорењето е 60-40 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници бараат кратење на дискусиите и апелираат СДСМ со долги дискусии и амандмани да не го кочат носењето на Буџетот за 2013.

Владимир Ѓорчев ја продолжи вчерашаната неколку часовна дискусија и говореше за практиките во другите држави, за кризата, за квалитетите и работата на градоначалникот на Скопје.

Пратениците од СДСМ негодуваа и довикуваа, а некој се обиде, да ги изманипулира медиумите, информирајќи дека има тепачка во салата, да го прекинат снимањето на изјавата на Игор Ивановски и да ги пренасочат камерите во Комисијата.

Новинарите уверувајќи се дека нема инцидент ја напуштија салата.

Гордан Георгиев го праша како информацијата за наводен инцидент дошла до новинарите. Еве што забележаа камерите кога влегоа во салата

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?