Трибина во Кочани за заштита од кражби

Од:

Проект за превенција од провални кражби, изготвен од страна на отсекот за превенција при СВР Штип, денеска беше претставен пред советодавна група на граѓани на општина Кочани.

Со проектот ќе биде опфатена целата територија на СВР Штип. Проектот има за цел да ги информира граѓаните во пресрет на претстојната летна туристичка сеозна кога поголем дел од луѓето заминуваат на одмор и ги оставаат домовите необезбедени и оставаат вредни предмети во дворовите кои што претставуваат лесна мета за крадците.

– Анализите покажуваат дека најголем дел од кражбите за кои зборуваме од домови, дворови, помошни простории ги прават малиолетници. За таа цел правиме едукации на жителите кога заминуваат на годишен одмор да не оставаат вредни предменти на отворено. Исто така кога заминуваат на одмор да го остават клучот на соседот во кој имаат доверба, рече Ангелчо Стојановски, началник на отсегот за превенција СВР Штип.

Посочи дека прокетот ќе се реалзиира преку советодавни групи на граѓани и ќе бидат организрани трибини во урбаните и месни заедници.

Во наредните денови, исто така, ќе биде спроведена медиумска кампања со чија помош поголем број луѓе ќе бидат запознаени со работата на полицијата и проетот.

Би можело да ве интересира

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски