Столтенберг: Доколку се согласи Грција, Македонија може да стане членка на НАТО со привремената референца

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев денеска имаше средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по завршувањето на средбата на прес-конференција, генералниот секретар на НАТО кажа дека е можно членство на Македонија во алијансата под привремената референца.

– Она што јасно го кажуваме на секој самит е дека сакаме заеднички прифатливо решение за спорот. Не кажуваме какво, туку заеднички прифатливо за Грција и за поранешната југословенска Република Македонија. Јас не можам да ви диктирам или специфицирам какво да биде тоа, рече Столтенберг порачувајќи дека ако Атина се согласи тоа име да биде БЈРМ, НАТО нема да има ништо против.

Со сличен став беше и Зоран Заев, кој изрази надеж дека Македонија може да ги започне преговорите со НАТО и под привремената референца.

– Ние се надеваме дека можеме да станеме членка со привременото име и да продолжиме со преговорите, како што се случи со Црна Гора, односно додека трае процесот на ратификација да најдеме решение за спорот“, наглси Заев на прес конференцијата.

Би можело да ве интересира

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“