Хан: Политичката криза е надмината, ова е свеж почеток

Од:

Ова е позитивна работа и рефлексија од изборите во декември. Политичката криза која траеше предолго е надмината и ова е свеж старт. Има премногу работа за вашата нација да се врати на евроатланскиот пат. Владата и опозицијата мора да работат заедно, изјави комесарот Јоханес Хан по средбата со македонскиот Премиер, Зоран Заев.

-Дискутиравме за приоритетните реформи во државата, комисијата е подготвена да помогне, ова е тоа што вашите граѓани го посакуваат, рече Хан при што најави посета на Република Македонија на крајот од месецот.

Во однос на главниот проблем за прием на Македонија во ЕУ, спорот за името со Грција, комесарот Хан изјави дека крајно време е да се најде решение и работите конечно да се придвижат напред.

-Има заемно разбирање од страна на двете држави дека треба да се направи прогрес по ова прашање. Има начини како да се реши оваа ситуација, вели Хан.

Би можело да ве интересира

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута

Пожар на градилиште во Брисел, шест лица се водат како исчезнати

Горан Наумовски