Британското дерби меѓу Шкотска и Англија е дуелот кој привлекува најголемо внимание од денешните девет натпревари во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година.
Средбата во Кардиф е во рамките од Ф групата во која денеска играат и Словенија – Малта и Литванија – Словачка.
На табелата лидер е Англија со 13 бодови, пред, Словачка 9, Словенија 8, Шкотска 7, Литванија 5 и Малта 0.
Во останатиде денешни средби ќе играат:
Група Ц: Азербејџан – Северна Ирска (од 18 часот), Норвешка – Чешка и Германија – Сан Марино (од 20:45 часот).
Табела: Германија 15 бодови, С. Ирска 10, Чешка 8, Азербејџан 7, Норвешка 3 и Сан Марино 0.
Група Е: Казакстан – Данска (од 18 часот), Полска – Романија и Црна Гора – Ерменија (од 20:45 часот).
Табела: Полска 13 бодови, Црна Гора 7, Данска 7, Романија 6, Ерменија 6 и Казахстан 2.
Од натпревраите закажани за утре (недела) го издвојуваме дуелот кој ќе се игра во Скопје, каде Македонија ќе ја пречека селекцијата на Шпанија.