Би-Би-Си – Лондон
Изборот на претседателот Доналд Трамп на Крисофер Вреј за директор на ФБИ, е опишан во упатството за рангирање на адвокати како човек кој „ќе ви даде директни одговори, без да заобиколува“.
Како поранешен помошник федерален државен обвинител, и шеф на одделот за криминал во министерството за правда за време на администрацијата на Џорџ В. Буш, тој водел големи случаи на корпоративни кривични дела, меѓу кои и оној за енергетскиот гигант Енрон.
Ако биде потврден од Сенатот, тој ќе и се приклучи на Федералната агенција за истраги директно од Кинг енд Спалдинг, адвокатска фирма на извршни директори со седиште во Вашингтон и Атланта, каде работи како адвокат за бранител во криминални дела.
Трамп рече дека дипломецот од правната школа на Јејл е човек со „беспрекорни карактеристики“. Но тој може да се соочи со мачни прашања во врска со еден негов неодамнешен клиент – Крис Кристи, гувернерот на Њу Џерси и човек близок на Трамп, кој во еден период го предводеше неговиот тим за пранзиција на власта.
Кристофер Вреј го бранеше во скандалот „Бриџгејт“ од 2013 година.
Двајца поранешни помошници на Кристи беа обвинети заради заговор за попречување на сообраќај на мост во Њујорк, како одмазда против демократскиот градоначелник кој не сакаше да го поддржи гувернерот. Кристи негираше дека знаел за овој план и не беше обвинет.
– Мислам дека претседателот нема да згреши ако побара од Вреј да биде директор на ФБИ, неодамна рече Кристи, цитиран од веб страната за вести northjersey.com
И покрај врските со Кристи, весникот Њујорк тајмс го опиша Вреј како „сигурен, мејнстрим избор“ кој „најверојатно ќе ги смири стравовите кај агентите во ФБИ кој се исплашени дека Трамп ќе се обиде да ја ослаби или исполитизира ФБИ“.
Вреј би ја презел ФБИ од сегашниот директор Ендрју Меккејб, кој беше назначен на привремена основа откако претседателот драматично го отпушти неговиот претходник Џејмс Коми минатиот месец.
Тој ќе ја преземе агенцијата додека продолжуваат истрагите за можни конфликти на интереси помеѓу високо позиционирани лица од кампањата на Трамп и Русија, обвинета за сајбер хакирања заради влијание врз резултатите од изборите. Џејмс Цоми наводно бил под притисок од американскиот претседател за ја сопре истрагата за сега отпуштениот Мајк Флинт, советникот за национална безбедност, и специјален совет сега ја надгледува истрагата на ФБИ за да ја заштити нејзината независност.
Интересно е тоа што Вреј и претходно блиску соработувал со големи играчи, на случајот Енрон. Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ, Роберт Мјулер (сега специјален советник) и Ендрју Вејсман, за кој беше објавено дека му се придружил на тимот на Мјулер, сите тие биле дел од случајот пред 15 години.
Со оглед на тоа што Кристофер Вреј работел како приватен адвокат специјализиран за кривични дела на големи директори и компании уште од 2005, законодавците можат да го стават под знак прашалник неговото искуство во противтероризмот и раководењето, вели Барбара Плет-Ушер од Би-Би-Си од Вашингтон.
Сепак таа подвлекува дека тие повеќе сакаат да постават претставник од областа на заштитата на правото, отколку некој политичар.