Средба Спасовски – Жбогар: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО врвни приоритети

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Самоел Жбогар.

Амбасадорот Жбогар му го честиташе изборот на Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи и му посака во текот на мандатот да бидат спроведени реформите во министерството кои ќе значат унапредување на капацитетите на министерството, но и исполнување на превземените обврски кои произлегуваат од Итните реформски приоритети.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките, и го информираше амбасадорот дека членството во ЕУ и НАТО остануваат врвен приоритет на Владата на Република Македонија, и во таа насока ќе бидат фокусирани сите идни активности на министерството за внатрешни работи. Министерот Спасовски, како приоритети на министерството ги посочи: декриминализацијата и департизацијата на министерството, реформата на безбедносните служби, имплементацијата на Стартегијата за развој на полицијата, како и зајакнување на капацитетите на министерството за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

Спасовски ја поздрави најавената посета на г. Рајнхарт Прибе и групата на искусни експерти и истакна дека тоа се случува во период кога во министерството се прави анализа на досегашното имплементирање на Итните реформски приоритети, при што оцени дека забелешките кои ќе бидат дадени ќе бидат сфатени како корисни насоки за подобрување на состојбите и побрзо спроведување на превземените обврски.

Соговорниците се согласија дека за Република Македонија е особено значајно да продолжи финансиската и политичка поддршка која Унијата и ја дава на Македонија во справувањето со последиците од мигрантската криза, но и во областите на полициското работење.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски