Заев на средба со италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе ги вклучиме сите во реформските процеси

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

Клучни теми на состанокот беа евро-атланската иднина на Република Македонија и унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Италија.

„Посветени сме силно на реформите, затоа што тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и кон квалитетен живот за граѓаните на Македонија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Македонија најави конструктивни политики со сите политички субјекти и институции во државата, како и интегрирање на експертската јавност во реформскиот процес важен за перспективите на државата.
Констатирано е дека една од важните реформи за граѓаните и за Македонија е обезбедување услови за независно правосудство. Премиерот Заев најави дека новата Влада ќе води политики на градење и почитување независни институции што ќе работат за доброто на сите граѓани.

„Ветивме дека Македонија ќе биде правна држава и дека правдата ќе биде достапна на сите. Ова е од интерес на сите граѓани и се надевам на широка свест и поддршка“ рече премиерот Заев.

На средбата е изразена подготвеност за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Италија, посебно во образованието и на економски план. Разговарано е за италијански инвестиции во Македонија, како и за искуствата што може да ги примени Македонија од Италија во делот на развојот на малите и средни претпријатија.

Италијанскиот амбасадор Ромео рече дека Република Италија останува голем пријател на Македонија и поддржувач на евроинтеграциите, за што премиерот Заев изрази благодарност во име на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он

Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Италија

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол, училиштата се затворени како мерка на претпазливост

ВИДЕО: Храбри луѓе во Модена го совладаа вооружениот напаѓач по налетот со автомобил

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Автомобил се заби во пешаци во Италија, седуммина се повредени

А1он