Општина Гази Баба во соработка со ЈП Комунална хигиена денеска и утре ќе спроведат акција за собирање на кабаст отпад.
Акцијата денеска ќе се спроведе во Урбаната заедница Железара, Автокоманда со Керамидница и „Кирил Петрушевски“, а утре во Урбаната заедница Триангла, Маџари, Хиподром и Ченто.
Од општината апелираат граѓаните да го изнесат кабастиот отпад најдоцна до 10 часот, оти по овој термин отпадот нема да биде подигнат.