Средба Спасовски-Бејли: Приоритет на министерството ќе биде реформата на безбедносните сили

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

Амбасадорот Бејли ги упати своите искрени честитки по повод изборот на Спасовски за министер за внатрешни работи и изрази уверување дека во текот на мандатот ќе бидат постигнати значајни резултати, кои ќе претставуваат успех за министерството, но и за граѓаните на Република Македонија.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките, но воедно се заблагодари и за досегашната помош и ангажман на Амбасадата на САД и на амбасадорот Бејли во справувањето со политичката криза во Република Македонија. Спасовски истакна дека САД се постојани и сигурни партнери на Република Македонија и дека очекува и во иднина да продолжи досегашната соработка во областа на полициските работи.

Амбасадорот Бејли и министерот Спасовски се согласија дека приоритет на министерството, но и на Владата на Република Македонија ќе биде реформата на безбедносните служби, преку која ќе се овозможи воспоставување на професионална служба која нема да биде под негативни политички влијанија. Исто така, тие истакнаа дека е особено значајно Министерството за внатрешни работи да ги почитува професионалните стандарди и системот на кариера за вработените.

Соговорниците потенцираа дека од особена важност е соработката помеѓу двете земји во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, но и против корупцијата и криминалот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Сијарто ги повикува лидерите на ЕУ да не ги попречуваат напорите на САД за мир во Украина

Зеленски: Украина бара САД да ги земат предвид нејзините национални интереси во мировниот план

Американците се истоварија во Мексико, поставија знак „Внимание: Ограничена зона“

Горан Наумовски

Медиуми: САД му сигнализираа на Зеленски дека Киев мора да се откаже од Донбас

ЕУ не го поддржува мировниот план на САД