Утре ќе биде сончево и топло, температури до 30 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе изразен во Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.

И во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степена. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни на југозапад каде ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу пет степени и ќе се движи од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура. УВ-индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 9.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски