Метју Пери: Имам кошмари поради идејата за нови епизоди на „Пријатели“

Од:

Актерот Метју Пери, кој неодамна ја режираше својата прва театарска претстава, изјави дека не е воодушевен од идејата да се снимаат нови продолженија на серијата „Пријатели“, кој му донесе светска слава.

Пери вели дека има напади на мачнини, кога ќе помиси на повторно собирање на актерите од култната серија „Пријатели“.

– Сите го посакуваат тоа, но не и јас, затоа што знам дека таа идеја не е добра, изјави 47-годшниот Пери.

Тој изјави дека има „ноќни кошмари“ поради шпекулациите дека серијата повторно ќе се снима. – Јас не се шегувам. Сонувам дека сме се вратиле, сме снимиле нови епизоди и дека никому не му било грижа за тоа, истакна Пери, кој во „Пријатели“ го толкуваше ликот на Чендлер Бинг.

– Завршивме на врвот со добра гледаност и не можеме тоа да го надминеме. Затоа нема да учествувам во снимањето на продолженијата, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Мајката на Метју Пери проговори: Имаше претчувство дека ќе умре

Предраг Петровиќ

Омилениот Џои од „Пријатели“ снимен во јавност после долго време, актерот тешко се препознава

Предраг Петровиќ

Еден од обвинетите за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен

Повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери

Предраг Петровиќ

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери: „Тие беа движечки аптеки“

Предраг Петровиќ

Повеќе луѓе вмешани во смртта на Метју Пери?

Предраг Петровиќ