ВИДЕО: Погребан Метју Пери, го испратија колегите од „Пријатели“

Од:

Метју Пери е погребан. Најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес во близина на студиото Warner Bros. За последен пат да се збогува со Пери.

Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.

Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес. Тој бил пронајден мртов во неговото џакузи. Неделава беа објавени првите резултати од извештајот за токсикологија, кој потврди дека Метју Пери не конзумирал фентанил или метамфетамин, а во неговото тело нема никакви траги од овие недозволени супстанци.

Првиот извештај, кој е помалку детален, засега исклучува предозирање со метамфетамин или фентанил како причина за смртта, пренесува TMZ. Целосниот токсиколошки извештај за Пери можеби нема да биде достапен со месеци и ќе открие дали Пери имал штетни количини на лекови во неговиот систем во моментот на смртта.

Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес претходно потврди дека полицијата во неговиот дом не пронашла сомнителни супстанци, туку само лекови за кои имал лекарски рецепт.

Би можело да ве интересира

Откриена е причината за смртта на актерот Метју Пери

Горан Наумовски

Рејчел се прости од својот сакан Чендлер: Метју те сакам многу и знам дека веќе ништо не боли

Кој ќе го наследи огромно богатство на Метју Пери?

Горан Наумовски

Причината за смртта на Метју Пери можеби нема да биде позната со недели

Горан Наумовски

Во домот на Метју Пери немало наркотици, но имало многу лекови: ќе се прави токсиколошка анализа

Полицијата откри дека Пери не бил префрлен во болница, лекарите го оживувале во водата