Откриена е причината за смртта на актерот Метју Пери

Од:

Смртта на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери е прогласена за несреќен случај поради „акутните ефекти на кетамин“, соопшти Канцеларијата за судската медицина на округот Лос Анџелес.

– Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот (кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди). Начинот на смртта бил несреќен случај – се наведува во соопштението.

Во извештајот се наведува дека Пери примал инфузиона терапија со кетамин, а последната доза наводно била земена недела и пол пред неговата смрт.

На 28 октомври актерот е пронајден како не реагира во џакузи во неговиот дом, а болничарите констатирале смрт на лице место на 54-годишна возраст.

Следниот ден е извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Рејчел се прости од својот сакан Чендлер: Метју те сакам многу и знам дека веќе ништо не боли

ВИДЕО: Погребан Метју Пери, го испратија колегите од „Пријатели“

Катерина Ѓуровски

Кој ќе го наследи огромно богатство на Метју Пери?

Горан Наумовски

Причината за смртта на Метју Пери можеби нема да биде позната со недели

Горан Наумовски

Во домот на Метју Пери немало наркотици, но имало многу лекови: ќе се прави токсиколошка анализа

Полицијата откри дека Пери не бил префрлен во болница, лекарите го оживувале во водата