Кој ќе го наследи огромно богатство на Метју Пери?

Од:

Метју Пери од серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во неговата куќа во Лос Анџелес во џaкузи во саботата околу 16 часот.

Тој остави огромно богатство што брои во милиони. Актерот добиваше 800.000 американски долари за секоја епизода во 7-та и 8-та сезона на „Пријатели“, а до милион долари за секоја епизода во 9-та и 10-та сезона.

Се проценува дека за улогата на Чендлер заработил околу 90 милиони долари.

Како што пренесуваат странски медиуми, се претпоставува дека во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари. Покрај тоа, Метју Пери беше познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, така што помеѓу 2015 и 2021 година, продал дури четири недвижнини, од кои секоја вредеше повеќе од 10 милиони долари.

Бидејќи Пери немаше деца и не беше во брак, целото богатство им припаѓа на неговите родители на Џо Бенет Фери (кој е самиот актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.

Би можело да ве интересира

Откриена е причината за смртта на актерот Метју Пери

Горан Наумовски

Рејчел се прости од својот сакан Чендлер: Метју те сакам многу и знам дека веќе ништо не боли

ВИДЕО: Погребан Метју Пери, го испратија колегите од „Пријатели“

Катерина Ѓуровски

Причината за смртта на Метју Пери можеби нема да биде позната со недели

Горан Наумовски

Во домот на Метју Пери немало наркотици, но имало многу лекови: ќе се прави токсиколошка анализа

Полицијата откри дека Пери не бил префрлен во болница, лекарите го оживувале во водата